Лукаку се „пакува“ за Истанбул

Епизодата со Ромелу Лукаку во Наполи се ближи кон крајот, а Фенербахче веќе воспостави контакт со околината на белгискиот робустен централен напаѓач, со цел да се испита можноста за негово пристигнување во Истанбул за време на летниот преоден рок, објавува „Газета дело Спорт“.

Ситуацијата меѓу Лукаку и Наполи стана уште покомплицирана откако фудбалерот одлучи да не се враќа на тренинзите на клубот, туку да остане во Белгија и таму да работи на своето закрепнување.

Овој потег ги налути раководителите на Наполи и тренерот Антонио Конте, кои сега размислуваат за дисциплинска мерка против него. Сето ова ги поттикна шпекулациите за неговото заминување.

Оваа ситуација потсетува на случајот со Виктор Осимен, кој го напушти Наполи по конфликт со управата и се приклучи на Галатасарај.

Лукаку се врати на теренот на почетокот на годината, откако го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда на тетивата. Сепак, јасно е дека тој сè уште бара вистинска форма, а неговиот фокус е на Светското првенство.

Се вчитува...