Ромелу Лукаку претходната сезона се врати на „Стемфорд Бриџ“ во спектакулраен трансфер вреден 133 милиони евра, но „втората епизода“ во редовите на лондонскиот тим траеше само една сезона. Белгиецот не успеа да се наметне во составот на Томас Тухел па ова лето се врати во Интер како позајмен играч.
А, по шокантниот отказ на германскиот стратег се отвараат вратите за нов камбек. Новиот стратег Грем Потер изразил желба да го има 29-годишниот голгетер во своите редови, но мала е веројатноста дека до враќање ќе дојде оваа сезона со оглед на ангажманот на Пјер Емерик Обамејанг и очекувањата се сериозно ќе се разговара на оваа тема следното лето.
За истото говореше и извршниот директор на Интер, Џузепе Марота кој вели дека и покрај тоа што двата клуба постигнале начелен договор за позајмица и следната сезона, промената на тренерот ќе донесе нова цел на „сините“. Притоа газдата на Челси, Тод Боели е љубител на играта на Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА