Лукаку: Седум дена плачев по мечот со Хрватска, само еден човек ми се јавуваше…

Ромелу Лукаку во последното интервју говореше на најразлични теми, меѓу нив откривајќи и која средба ја смета за најслабо одиграна во својата репрезентативна кариера.

За Лукаку нема дилема, тоа е мечот од третото коло од СП 2022 против Хрватска, на кој Белгијците мораа да слават за да се пласираат во следната фаза. Белгискиот џин се најде во четири стопроцентни шанси, не искористи ниту една од нив, па мечот заврши 0-0, а Лукаку беше национален трагичар.

„Имавме три дена да се подготвиме за мечот со Хрватска. Тоа беа мои први тренинзи по три месеци пауза, но знаев дека сум им потребен во нападот, селекторот ми најави декаќе бидам стартер. Остатокот сите го знаете…промашив четири чисти шанси..  бев бесен, скршив прозор во соблекувалната. Никогаш се немав чувствувано така лошо, заминав седум дена на одмор и секој ден плачев, бев скршен психолошки. Морам да му се заблагодарам на Тиери Анри, кој ми се јавуваше по три пати на ден само за да ме праша како сум. Тој е човек што живее за фудбалот, ми беше поддршка кога ми беше најтешко. Јас не изгледав ниту еден меч до крајот на тој Мундијал, само им реков на моите најблиски да ме остават бидејќи ми треба малку време да бидам сам“, изјави Лукаку.

Белгиецот летово потпиша за Наполи, што се покажа како одличен потег. „Наполитанците“ моментно се лидери на табелата, а Лукаку на првите шест средби за новиот клуб има три гола и пет асистенции.

Се вчитува...