Лукаку сега стана главна цел на Тотенхем

Откако пропаднаа можностите да отиде во Интер и во Јувентус, Ромело Лукаку сега е на „радарот“ на Тотенхем. Официјална понуда и натаму нема, но проблем за тимот може да биде високото обесштетување кое Челси го бара за него.

Челси бара 45 милиони фунти за Лукаку, што е многу за Тотенхем, па сега следуваат преговори за цената. Лукаку во Тотенхем би дошол како замена за Хари Кејн, кој замина во Баерн Минхен за повеќе од 100 милиони евра.

Лукаку ги разбесни навивачите на Интер, откако влегол во преговори со Јувентус, а потоа и навивачите на торинскиот клуб не сакаа да го видат во дресот на Јуве, поради изјавата предхотно во која Лукаку вели дека никогаш нема да го облече дресот на Јувентус. Така и најтрофејниот италијански клуб се откажа од неговите услуги, и сега бара други опции.

Се вчитува...