Насмевката на лицето на Ромело Лукаку која беше присутна утрово по неговото пристигнување во Милано, говори колку многу сака да се врати во Интер.
Белгиецот утрово нешто после 6 часот, слета на аеродромот во Милано, каде што се очекува денеска да ги мине медицинските прегледи, и да стави потпис на позајмицата во Интер. Челси се реши да му ја исполни желбата на Белгиецот, и да го пушти да се врати во Интер после само една сезона мината во Лондон.
#Lukaku is back @Inter https://t.co/s1zH5t6ase
— Paolo Sanvido (@PaoloSanvido) June 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА