Ромелу Лукаку верува во тоа дека Оле Гунар Солскјер ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед и по крајот на оваа сезона, откако ги одведе „црвените ѓаволи“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Под водство на Солскјер, Јунајтед во 17 натпревари има 14 победи и само еден пораз.
Според белгискиот напаѓач останувањето на норвешкиот стратег на клупата „црвените ѓаволи“ е извесно.
„Знам дека ќе остане, во тоа нема сомневање. Сака да остане, играчите сакаме да остане. Вршиме одлична работа играме онака како би требало да игра Манчестер јунајтед. Тој е млад тренер, има млади играчи, така да околината е совршена да се развива и се надевам дека ќе освојуваме трофеи во иднина“ – додаде Лукаку.
Солскјер исто така по очајната форма под водство на Мурињо, успеа да ја врати желбата за фудбал кај Белгиецот.
„Направи многу за мене. Кога се вратив имаше план за мене. Сакаше да бидам во добра форма и тоа и се случи. Земав три четири слободни седмици, тренирав под полна пареа, работев на завршница и можам да кажам дека сум потполно подготвен“ – продолжи Лукаку, осврнувајќи се и на соработката со Солскјер.
„Направи да играме офанзивен фудбал. Им даде самодоверба на младите играчи. Понекогаш е тежок, но знае да додели и комплименти. На тренинг играме многу мали игри, ставаме фокус на нападот и тоа играчите го сакаат. Одиме на победа на секој натпревар“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА