Белгија продолжи со одличните игри во квалификациите за ЕП 2020. Белгијците убедливо со 0-4 славеа на гостувањето против Шкотска запишувајќи ја и шестата победа.
Еден од најдобрите на терен беше Ромел Лукаку кој го постигна првиот гол за Белгија, а дополни и со асистенција на натпреварот. Сега стигна и до бројката од 49 гола во националниот дрес.
„Не сонувам за 50-от гол, навистина. Повеќе бев оптоварен кога ќе го постигнам 30-от погодок со кој срушив рекорд. Сега се чувствувам пресреќно, знам дека сум убиец на терен и сигурен сум дека порано или подоцна ќе го постигнам и тој 50-ти гол. Среќен сум што дадов гол со Шкотска, затоа што долго немав постигнато погодок од контра. Кога вака играме никој не може да ја запре оваа Белгија“ – вели Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА