Шокантен натпревар во Неапол во 3. коло од Серија А, во кој Наполи со два гола во судиското продолжение со пресврт триумфираше против Парма со 2-1.
Гостите поведоа во 19. минута со голот од пенал на Бони.
Кога се чинеше дека ќе го приведат мечот кон победа, најпрво во 76. минута гостите останаа без голманот Сузики кој заработи втор жолт картон. Потоа следеше тотален напад на наполитанците.
Па, Ромело Лукаку во 92. минута во своето деби во дресот на Наполи погоди за 1-1.
🚨| GOAL: LUKAKU WITH THE EQUALISER IN THE 92ND MINUTE!!!
Napoli 1-1 Parma pic.twitter.com/wYdbFx3LRT
— Larex Sports (@SportsLare8852) August 31, 2024
А, Ангуиса во 96. минута се погрижи за пресврт-триумф.
GOAL:
Frank Anguissa puts Napoli ahead in the 96th minute!
Napoli 2-1 Parma. #SerieA #Football #Anguissa #Napoli #Parma #FrankAnguissa
— Mr. Shaz (@Wh_So_Serious) August 31, 2024
Лацио и Милан одиграа без победник (2-2). Милан поведе уште во 8. минута со голот на Павловиќ, но потоа Лацио дојде до два гола за пресврт, за да Леао во 72. минута погоди за конечни 2-2.
GOAL LEAO !! Reaction from Milan !!
2-2 🔴⚫️#LazioMilan pic.twitter.com/45Y30cVeFj
— Football Master (@Foot_Masters) August 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА