Ромелу Лукаку се пресели од Манчестер Јунајтед во Интер, ставајќи крај на сагата што траеше неколку месеци. Белгискиот репрезентативец не го крие задоволството што си заминал од „Олд Трафорд“, отворајќи го срцето за дел од случувањата во Манчестер Јунајтед, клуб за кој нема да го врзуваат премногу позитивни промени.
„Се случуваа многу работи, а јас се чувствував незаштитено. Имаше премногу гласини, ќе одам ваму или таму, клубот не ме сака… и никој не излезе да го демантира тоа. Искрено очекував да излезе некој од управата и да даде било каква изјава, но сите молчеа. Можеше со една изјава да се смири ситуацијата, но се молчеше, по што уште повеќе се зема замав со гласините дека моето место не е во Јунајтед. Не е лесно да си дел од овој клуб, ако сте дежурен виновник за слабите резултати. Во Манчестер бевме тројца, Алексис, Погба и јас. Еден од нас секогаш беше распнат во медиумите по секој неуспех“ – истакнува Лукаку.
Се очекува и Алексис Санчез да тргне по стапките на белгискиот голгетер и да потпише за Интер. Единствен дежурен виновник ќе остане Погба, кој во понеделникот промаши пенал што можеше да донесе победа на незгодното гостување против Вулверхемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА