Белгискиот голгетер Ромелу Лукаку оваа сезона стрела за Рома каде е на позајмица од Челси, но голема е веројатноста дека веќе на лето ќе ги заследи стапките на голем број европски играчи и ќе се пресели во Саудијска Арабија каде тамошните клубови покажуваат голем интерес за неговите услуги.
Иксусниот 30-годишник имаше пофални зборови за саудиското првенство велејќи дека во следните две години тоа ќе биде едно од најсилните во светот.
„Мислам дека саудиското првенство за две години ќе биде едно од најдобрите на светот. Работат на тоа, носат врвни играчи, напредуваат и тимовите и фудбалот таму е на високо ниво“, изјави Лукаку.
Неодамна на оваа тема говореше и Кристијано Роналдо кој прв повлече потег за преселба во Саудиска Арабија. Според легендарниот Португалец натпреварувањето веќе е поквалитетно од француското.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА