Новиот клуб на Ромел Лукаку кој го очекува од јуни, ако е за верување на англиски „Дејли мејл“, сигурно ќе го шокира фудбалскиот свет.
Директорот на Интер, Џузепе Марота пред неколку денови потврди дека Лукаку на крајот од сезоната ќе се врати во Челси, па неговата иднина е неизвесна.
Но, „Дејли Мејл“ денеска тврди дека Челси не го сака Лукаку, а за него е заинтересиран ни помалку ни повеќе туку Реал Мадрид. Карло Анчелоти е тој кој инсистира белгискиот репрезентативец да дојде во Реал.
Белгиецот пред речиси две години се пресели од Интер во Челси за 100 милиони евра, но работите на „Стемфорд бриџ“ не му одеа од рака посебно во тактиката на Томас Тухел. Ниту во Интер, во втората епизода, не блескаше па сега се очекува новата насока во продолжувањето на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА