Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната, а негова следна дестинација треба да биде Италија. Интер и Милан се клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги, а тој вели – животна желба му е да игра во Серија А.
„Отсекогаш сум сакал да играм во Италија. Се надевам дека ќе ми се исполни животниот сон, да бидам дел од Серија А“, изјави Ромалу Лукаку за италијанските медиуми.
Белгиецот дојде во Манчестер Јунајтед од Евертон во 2017 година за сума од 75 милиони фунти. На 95 натпревари постигна 42 гола во дресот на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА