Очигледно е дека нема повеќе иднина за фудбалерот на Ливерпул, Лукаш Леива, на „Енфилд роуд“, па големи се шансите тој да си замине оваа зима во родната земја. Се споменуваше Интер како негова следна дестинација, но може лесно да се случи Леива својата кариера да ја продолжи во Бразил.
Тамошните медиуми информираат дека Атлетико Минеиро е сериозно заинтересиран за неговите услуги и во наредниот период се очекува започнување на преговори за негово враќање во Бразил. Тој е член на Ливерпул од 2007 година и досега одигра 327 натпревари, а претходно во Бразил го носеше дресот на Гремио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА