Лукас Пакета и дефинитивно го напушта Вест Хем

Лукас Пакета има намера да го напушти Вест Хем за време на зимскиот преоден рок. Според Фабрицио Романо, играчот од средниот ред сака да се врати во Бразил и наводно веќе се согласил со условите за да оди во Фламенго.

Пакета одби да биде во составот за натпреварот од ФА Купот против Квинс Парк Ренџерс, јасно ставајќи до знаење дека повеќе нема да игра за „Чеканите“. Фламенго е подготвен да понуди околу 40 милиони евра, но таа отштета да се исплати преку неколку рати во наредните години, а сега сè зависи од Вест Хем.

Екипата на Нуно Еспирито Санто е во борба за опстанок и сигурно би било удар да го изгуби еден од најдобрите играчи. Сепак, се чини дека ниту Пакета не е во препознатлива форма, особено по обвинувањата за нелегално обложување, поради што неговиот трансфер во Манчестер Сити пропадна.

Тотенхем и Астон Вила ја следат ситуацијата, бидејќи би сакале да го видат Бразилецот во своите редови.

Се вчитува...