Лукас Васкез потпишува за Бешикташ

Искусниот шпански фудбалер Лукас Васкез, е многу блиску кариерата да ја продолжи во Турција. 34-годишниот доскорашен играч на Реал Мадрид е во преговори со Бешикташ.

Турскиот клуб му нуди на ветеранот договор на една година, и тоа е „камен на сопнување“ околу соработката. Самиот играч сака договор на 2-3 години, и се очекува турскиот тим да му понуди договор на две години и наскоро да се потпише договорот.

Васкез долги години беше дел од Реал Мадрид, а во минатата сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига.

Се вчитува...