Лукаш Билја ќе паузира четири месеци

Играчот за врска на Милан, Лукаш Билја, ќе биде надвор од фудбалските терени во наредните четири месеци. Тој е успешно опериран во Финска, откако заработи сериозна повреда на десната нога на еден од тренинзите минатата седмица.

„Лукаш Билја е успешно опериран во Финска, од професор Сакари Орава, а во присуство на нашиот клупски доктор Стефано Мацони. Сега ќе следи период на рехабилитација и доколку се биде в ред, го очекуваме фудбалерот да се врати на фудбалските терени по пауза од четири месеци“, се вели во соопштението на Милан.

Се вчитува...