Лукаш Моура и Хатем Бен Арфа го напуштаат ПСЖ во јануари

Пари Сен Жермен е фудбалски гигант, моќен финансиски, но не се сите среќни во дресот на овој клуб. Посебно оние фудбалери кои не ја добиваат очекуваната минутажа. Поради огромните инвестиции со ангажманот на Нејмар и на Клијан Мбапе, раководството на ПСЖ ќе мора да продава неколку фудбалери веќе во зимскиот преоден рок, а тренерот Унаи Емери потврди дека Лукаш Моура и Хатем Бен Арфа се на излезна врата.

„Засега немам одговори, освен дека со Лукаш Моура и со Хатем Бен Арфа разговаравме за можно заминување. Тие посакуваат нов предизвик и потполно го разбирам нивниот став. Сите други шпекулации кои се појавија во јавноста, засега се без основа“, изјави Унаи Емери.

Се вчитува...