Фудбалерот на ПСЖ, Лукаш Моура, во зимскиот преоден рок ќе се пресели во кинеската Суперлига. Бразилецот ги договори условите со Пекинг Гуан, па ПСЖ очекува добро да заработи од трансферот, иако сумата засега се крие од јавноста.
Моура се сели во Кина откако разговарал со негови екс-соиграчи кои го искусиле фудбалот на Истокот, па по нивна препорака одлучил да ја прифати понудата од Гуан со цел да си ја спаси кариерата.
Тренерот на „светците“, Унаи Емери, речиси го заборави Моура дека се уште е во тимот и му стои на располагање. Доаѓањето на Нејмар и на Мбапе ја направи конкуренцијата невозможна, па така 25-годишниот бразилски репрезентативец одигра вкупно 90 минути од почетокот на сезоната.
Се шпекулираше дека Челси може да биде негова следна дестинација, но се чини дека лондонските „сини“ сепак ќе бараат нови решенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА