Бразилскиот интернационалец Лукаш Моура се сели во Премиер – лигата и во наредните четири години ќе го носи дресот на Тотенхем. Фудбалерот ги договори личните услови со раководството на „спарси“ и ќе потпише четиригодишен договор. Останува двата клуба и официјално да го договорат начинот на плаќање на отштетата што ќе ја добие Пари Сен Жермен.
Лукаш Моура немаше голема минутажа кај тренерот Унаи Емери оваа сезона, а ПСЖ се наоѓа во цајтнот поради финансискиот ферплеј и мора да продава фудбалери за да ги задоволи критериумите на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА