Лукаш Моура во Тотенхем до 2023 година

Бразилскиот интернационалец Лукаш Моура потпиша договор со англискиот премиерлигаш Тотенхем до 2023 година. Тој доаѓа од редовите на Пари Сен Жермен, каде во последниот период не беше стандарден првотимец, со надеж дека ќе ги покаже своите квалитети во дресот на „спарси“ во Премиер – лигата. Тој ќе го носи дресот со број „27“ во Тотенхем.

Бразилецот во јануари 2013 година направи трансфер од Сао Паоло во ПСЖ, и за францускиот клуб настапи на 229 натпревари, постигнувајќи 46 гола во сите конкуренции. Тој на „Паркот на принцовите“ освои четири шампионски титули во франциското првенство, три Купа на Франција, четири Лига – купа на Франција и пет трофеи во Суперкупот на оваа земја.

 

 

Се вчитува...