Навивачите на Аталанта решија да упатат предупредување до ѕвездата на тимот, Адемола Лукман , кој до неодамна силно инсистираше на трансфер во Интер , па дури и најави бојкот на својот клуб.
Според италијанските медиуми, синоќа покрај тренинг базата на тимот од Бергамо бил закачен транспарент со следната порака до напаѓачот:
„Дресот мора да се почитува… уште една глупост нема да биде простена!!!“
Како што е познато, Интер на крајот го повлече интересот за Лукман откако Аталанта не прифати никаква понуда од миланскиот гигант за него. Така, во последните денови, нигерискиот интернационалец продолжи со тренинзите, но ќе се подготвува одделно од своите соиграчи до крајот на преодниот рок.
Сепак, засега нема понуди од други клубови за него, а 27-годишниот играч најверојатно ќе ја започне сезоната со својот сегашен тим, откако ќе ги отслужи санкциите за неговата непослушност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

