Интер подготвува нова понуда за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, според италијанските медиуми „Нероаѕурите“ се подготвени да ја зголемат сумата на вкупно 45 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Како што објави „Кориере дело Спорт“, тимот под водство на Кристијан Киву одлучи да ја зголеми првичната понуда од 40 милиони евра за дополнителни 5 милиони, со цел да се приближи до бараната бројка.
Аталанта сè уште бара 50 милиони евра за нигерискиот репрезентативец, но двете страни се сè поблиску до договор, иако клубот од Бергамо засега нема намера да ја намали неговата цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

