Врие во таборот на Аталанта по неочекуваниот пораз на домашен терен и елиминијацијата одЛигата на Шампионите од тимот на Бриж.
Тренерот Гасперини веднаш по мечот го обвини Адебола Лукман и неговиот промашен пенал како клучен момент за конечниот исход, а најдобриот фудбалер на Аталанта денеска се јави со сопствено видување на ситуацијата, не криејќи дека е разочаран од односот на Гасперини.
„Тажно е што морам да ја пишам оваа порака, особено по се што остваривме заедно како екипа и како град. Да се биде таргетиран на ваков начин не само што било, туку е крајно непочитувачки кон мене, ако се земе во предвид максималната работа и посветеност што ја вложувам секој ден за доброто на Аталанта. Вистината е дека во периодот во кој сум во Аталанта имав многу тешки моменти, но никогаш не сакав да говорам јавно бидејќи тимот мора да биде прв и да биде приоритет. Затоа и се што се случи синоќа е уште поболлно за мене. За време на натпреварот, играчот кој е задолжен за пенали ми ја даде топката и ми рече јас да шутирам. Јас не се исплашив да преземам одговорност, целиот живот го гледам како предизвик и ќе продолжам со истото гледиште“, порача Лукман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

