Нигериецот Адемола Лукман е најдобар африкански фудбалер во 2024 година, откако напаѓачот на Аталанта од Бергамо ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.
Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата од 3-0 во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола, а оваа сезона 11.
Во финалето за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).
Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите. Во 2023 година победник беше Нигериецот Виктор Осимхен од Наполи, моментално играч на истанбулски Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА