ЛУКОИЛ Македонија го испрати СЕАТ Леонот во рацете на Саит Аљи од Скопје

Претпразничното расположение за Саит Аљи од Скопје започна со едно неверојатно изненадување приредено од ЛУКОИЛ Македонија. „Кој би очекувал дека полнењето гориво може да ти донесе еден ваков автомобил“, вели добитникот на главната награда од последната наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија  „Полни гориво на ЛУКОИЛ и добиј СЕАТ Леон”. „Би сакал да упатам огромна благодарност за укажаната можност да бидам сопственик на овој убавец, се надевам не чекаат многу возбудливи патувања и удобно возење“, вели Саит.

Г-динот Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија, по повод успешно завршената наградна игра изјави: „Ова е најубавиот дел од мојата работа. Наградните игри кај нас се редовна пракса, бидејќи сметаме дека полнењето гориво не е само рутинска должност кога патуваме, туку тоа е можност нашите ценети корисници да добијат нешто повеќе. На среќниот добитник му посакуваме многу опуштени и возбудливи поминати километри и му ветуваме беспрекорна поддршка низ патиштата во Македонија“, срдечно изјави г-динот Куку.

На доделувањето на СЕАТ Лeон честитки на добитникот му упати и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија г-динот Сергеј Александрович Баздникин. „Tрадиционално, на прагот на празниците, ЛУКОИЛ Македонија и годинава се погрижи да ги дарува своите клиенти. Па така денес на оваа свечена церемонија на г-динот Саит Аљи од Скопје, наш лојален потрошувач на гориво, му честитаме и му посакуваме уште многу среќа во годината која следува.“ Вака му честиташе рускиот амбасадор Баздникин на среќниот добитник и додаде: „Изминатата година за компанијата која успешно работи на македонскиот пазар веќе 13 години беше полна со предизвици со кои успешно се соочија вработените во компанијата, а резултатите од оваа работа не само што ја направија Групацијата ЛУКОИЛ успешна на глобално ниво, туку и по 13-ти пат ЛУКОИЛ Македонија го потврди статусот на многу успешен бизнис за македонската економија. Речиси 100 илјади тони нафтени продукти беа продадени преку бензинските пумпи ЛУКОИЛ Македонија и големо – продажба. Три бензински пумпи беа отворени во 2018 година: во Трубарево, Битола и Гевгелија, а бензинските станици Првомајска и Аеродром беа целосно реконструирани.“

Наградната игра која започна на 1 октомври официјално заврши на 14 декември 2018 година, а правилата за учество беа едноставни односно со секое полнење на гориво во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на ЛУКОИЛ во нашата држава, и со испраќање на бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, корисниците стануваа потенцијални добитници на една од многуте вредни награди. Извлекувањата на добитниците се вршеа на секои две недели. Саит Аљи беше извлечен за главната награда новиот автомобил СЕАТ Леон 1.6 TDI 90 KC,  а покрај главната награда верните потрошувачи беа наградени и со таблети Samsung, масла ЛУКОИЛ Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1000 денари. Добитниците од сите извлекувањата кои се вршеа во 5 кола, можете да ги најдете на веб страниците  <http://www.lukoil.com.mk>  и на микросајтот на Наградната игра –  <http://www.lukoiltenagraduva.mk>

 

 

Се вчитува...