Лукоил со стил до нова титула во Бизнис-лигата

Синоќа на програмата беа завршните натпревари од одличната сезона во Бизнис-лигата, финалето неочекувано заврши со преубедлива победа на Лукоил над Рамстор.

Лукоил со победа над Рамстор до третата шампионска титула во Бизнис Лигата

Рамстор 0-6(0-2) Лукоил

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 13’ 17’ 31’ Марјан Цветковски 31’ Лоренцо Николовски 31’ Љупчо Апостоловски 37’

Финалето на Бизнис Лигата на Македонија го одиграа Рамстор и Лукоил, натпреварот имаше одлично отварање и уште во првата минута видовме одлични шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Лукоил беше таа што го скрши мразот и го отвори резултатски овој натпревар во 13та минута преку одличен погодок на Алаѓозовски. По оваа негатива екипата на Рамстор тргна со поофанзивна игра со цел да дојде до израмнување на резултатот, но екипата на Лукоил знаеше да го казни тоа и во 17та минута да зголеми на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Рамстор ссоздаде неколку шанси за намалување на негативата, но екипата на Лукоил одлично ја постави играта во одбрана и не го дозволи тоа. На полувремето се замина со резултат од 0-2. Во второто поувреме екипата на Рамстор тргна жестоко кон противничкиот гол обидувајќи се да ја намали предноста тие создадоа повеќе шанси за израмнување, но имаа слаба реализација и во неколку ситуации среќата им го сврте грбот. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил успеваше да ја казни крајно офанзивната игра на Рамстор и да го добие овој натпревар со убедливи 0-6.

 

Макпетрол преку пенал завршница до третото место

Уника 4-4(4-3) Макпетрол (на пенали 6-7)

Уника: Бесими Нухиу 5’ Шабан Чупи 12’ Арбен Нухиу 17’ Бенјамин Граинца 20’
Макпетрол: Александар Мишоски 9’ Христијан Мицевски 13’

Натпреварот за третото место го одиграа Уника и Макпетрол, двете екипи започнаа со офанзивна игра што резултираше со рано водство на екипата на Уника уште во 5. минута. Макпетрол за кратко време успеа да постигне погодок за израмнување на реултатот во 9. минута. До крајот на полувремето се продолжи со отворена игра со многу шанси на двете страни екипите наизменично се менуваа во водството. Во последните секунди од полувремето екипата на Уника успеа да постигне погодок за водство на полувремето од 4-3. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Макпетрол успеа да постигне одличен погодок преку својот голман играч Ѓоргиевски за израмнување на резултатот. По ова израмнување падна темпото на игра и двете екипи започнаа со подефанзивна игра, како одминуваше времето во последните минути од натпреварот настана вистинска бркотница по теренот кога и двете екипи се обидуваа да дојдат до целиот плен. Натпреварот заврши со изедначен резултат од 4-4, а поуспешна по пеналите беше екипата на Макпетрол.

 

Во Ф4 завршната фаза третото место и припадна на екипата на Макпетрол, втора беше екипата на Рамстор, додека пак со шампионската титула оваа година се закити тимот на Лукоил. Ова е нивна трета титула во Бизнис Лигата на Македонија.

Во регуларниот дел од натпреварувачката сезона трета беше екипата на Уника, втора беше екипата на Матрикс додека пак шампионскиот пехар го освои екипата на Макпетрол.

За тренер во регуларниот дел беше прогласен тренерот на ЈСП Јовица Илиевски

Најдобар стрелец во регуларниот дел беше Мишо Ѓоргиевски од Макпетрол

Епитетот на MVP го понесе Александар Божиков од Фабрика Карпош

Систина беше екипата која ја зема наградата за Фер Плеј

Петре Велигденов од екипата на Телеком беше избран за ветеран на сезоната

За најдобар играч на регуларниот дел беше прогласен Ведат Арслан

Најдобриот гол оваа година го постигна Сашо Кароски – Џуме од екипата на Гранит кој ја однесе наградата

Најдобар играч на завршниот турнир беше Мартин Алаѓозовски од екипата на Лукоил која воедно ги имаше и најдобриот тренер Васко Стефанов и голман Маријан Цветковски

Се вчитува...