Кошаркарите на Партизан славеа во последниот натпревар од 23. коло во АБА лигата против Задар со 87-86, по што се пробија на третата позиција на табелата.
На три кола пред крајот на регуларниот дел „црно-белите“ отворено ги зголемија своите шанси и за втората позиција на табелата и избегнување на Црвена Звезда до финалето на регионалното натпреварување.
Партизан до триумфот против Задар стигна во максимално израмнет натпревар во кој победата беше осигурана буквално во последната секунда со поените на поранешниот кошаркар на МЗТ, Урош Луковиќ за триумф од 87-86. Претходно, гостите со на десет секунди пред крајот со тројката на Ковачевиќ поведоа со 85-86, беа на прагот на сензација но не успеаја да стигнат до победа.
Најефикасен во редовите на Партизан беше Бирчевиќ со 26 поени, Урош Луковиќ мечот го заврши со 21 поен, додека кај Задар се издвои Барач со 27 постигнати поени.
По оваа победа Партизан сега со 17 победи и 6 порази се израмни со Цедевита на втората позиција на табелата, додека Будуќност остана на четвртото место со 16 победи и 7 порази. Задар остана на последната позиција со само седум победи и 16 порази. Овој пораз за задраните е од голема помош и за МЗТ Скопје (кој има осум победи и 15 порази) кого во последните три кола го чека жестока битка за опстанок. Еден од конкурентите за избегнување на последната позиција е токму Задар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА