Златан Ибрахимовиќ поради повреда не го гледаме на терените во дресот на Милан, но затоа жителите на Милано можеа даго видат во текот на вчерашниот ден низ улиците на овој град, возејќи го суперлуксузниот модел „Ферари СФ 90 Страдале“.
Станува збор за подарок што Ибракадабра самиот си го купи за да се почести за својот 40. роденден, модел од кој Ферари произведе само 499 автомобили. За него големиот ас плати огромни 450.000 евра.
И уште една специфична работа во врска со овој луксузен автомобил на фудбалската суперѕвезда – за Златан, и ферарито мора да биде во златна боја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА