Љуљ: Миротиќ? Најважна вест летово

Кошаркарот на Реал Мадрид Серхио Љуљ говореше околу доаѓањето на Никола Миротиќ во таборот на најголемиот ривал Барселона.

„Сите бевме изненадени со враќањето на Миротиќ. Тоа беше најважен трансфер и најважна вест летово. Тој е сјаен кошаркар и ќе биде големо засилување за Барселона. За нас како тим тоа ќе биде уште еден предизвик во новата сезона“, изјави Љуљ. 

Љуљ е на одмор по кој ќе се приклучи на подготовките на репрезентацијата на Шпанија за претстојното Светско првенство кое ќе се игра во Кина.

Се вчитува...