Љуљ нема да оди во пензија, и идната сезона ќе игра во Реал Мадрид

Како што стојат работите, легендарниот шпански кошаркар Серхио Жил и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Иако наскоро наполнува 38 години, шпанскиот плејмејкер нема намера да ја заврши кариерата.

Според „Марка“, поранешниот шпански репрезентативец почнал преговори за нов договор со „кралевите“ со што ќе биде капитен на тимот како до сега.

Реал направи многу промени, пред сè на клупата, каде наместо Чус Матео, на клупата на кралскиот клуб ќе седи Серхио Скариоло, додека на позицијата спортски директор ќе биде легендарниот Серхио Родригез.

Иако се очекуваше и на Љуљ да му биде доделено место во управата на „кралевите“, сепак, голема е веројатноста дека одново ќе биде на паркетот, најмалку уште една сезона.

Се вчитува...