Данскиот репрезентативец Ифе Лундберг ова лето стана нов кошаркар на Партизан потпишувајќи двогодишен договор со српскиот евролигаш.
Дваестидветгодишникот кој во минатото два пати одбиваше да се пресели во Белград откри дека овој пат немал намера да ја пропушти шансата да заигра за најдобриот тренер и пред најдобрите навивачи и покрај тоа што имал понуда од актуелниот НБА шампион, Бостон Селтикс.
„Им бев на радарот подолго време. Ме бараа повеќе пати во текот на последните години. Ова е трет пат да остварам контакт со нив и мислам дека е трета среќа. Едвај чекам да започне сезоната. Ќе играм за за најдобриот тренер и пред најдобрите навивачи, во најдобрата арена. Ќе биде лудо“, започна Лундберг кој потоа откри и за понудата на Бостон.
„Не беше тешка одлука за мене. Ќе звучи лудо, но немав дилема искрено. Ќе бев петнаесетти играч во тимот така немав да имам загарантирана минутажа. На овие години не ме интересира повеќе тоа. Сакам да поминам време на теренот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА