Украинскиот голман Андреј Лунин стигна во Реал Мадрид во 2018 година со репутација на еден од најталентираните голмани. Имаше тогаш 19 години и бранеше само во Днипро и Зорја. Зорја доби 8,5 милиони евра, пет милиони за одредени бонуси. Уште од тогаш изгледаше како сон.
Малку кој можеше да поверува дека тој сон ќе стане светска сензација. Против Манчестер Сити во реваншот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите запиша осум одбрани, а одбрани и два пенали.
Украинецот од трет голман, стигна како прв и стана херој.
„Најсреќен сум на светот. Напорната работа е наградена. Само сум среќен што му помогнав на Реал и сакам да се заблагодарам на оваа група за поддршката“, изјави Лунин.
И покрај тоа некои на негово место би заминале, со оглед дека не добиваше шанса, сега максимално ја користи повредата на Куртоа и слабата форма на Кепа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА