Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев и официјално промовиран во узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.
По завршувањето на соработката со Шкендија, 27-годишниот крилен офанзивец официјално стави потпис на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси.
View this post on Instagram
Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред во јуни 2020 година да се пресели во редовите на Шкендија каде мина три одлични години кои го издвоија и со неизбежни повици во македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА