Фудбалерите на Вардар од Неготино веќе и го заборавија оној инфаркт бараж меч и пеналите против Новаци, по кој по неколкугодишна пауза повторно станаа членови на Единствената Втора лига на Македонија. Кусиот одмор и еуфоријата по успехот заврши и сега сите погледи на раководството на клубот, играчите и стручниот штаб се свртени кон новата сезона, каде ги очекуваат многу потешки натпревари отколку во Третата лига.
Комплетиран е стручниот штаб на чело со познатиот тренер Љупчо Димитковски-Гањо, кој иако имаше неколку понуди, останува во клубот и ќе го води клубот и во второлигашката сезона.Во изминатите години тој беше тренер на Тиквеш, Саса, Плачковица, Кожув, Еуромилк и Хоризонт Турново
Во работата ќе му помага Миланчо Мојсов, тренер на голманите ќе биде Александар Митрев.
Вардар го напуштија досегашните играчи Бране Андонов, Марјан Илиев, Дарко Нацев и Слонбодан Манев, меѓутоа Вардар во новата сезона ќе биде осетно засилен бидејќи ангажираше девет нови фудбалери Тоа се:Дарко Алексовски и Мартин Димовски/Детонит/, Христијан Костовски /Охрид/, Стефан Тасев и Ристе Лембовски /Македонија/, Дарко Николов /Кожув/, Флоријан Османи /Пехчео/ како и Илија Апостоловски и Аделин Ќазимовски.
До стартот на второлигашкото првенство, закажано за 12 август, според зборовите на спортскиот директор на клубот Бојан Илиев, Вардар ќе одигра уште четити пријателски средби за да се уигра тимот со новите играчи. Еден меч е веќе одигран, во Гевгелија со Кожув кој завтрши без победнкик 2:2. Вардар ќе игра уште со Пелистер / 22 јули/, Тиквеш /26/ Победа /29/ и последна контролна средба е закажана со Беласица на 5 август.
М.Мицковиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА