Љупчо Марковски – Калц повеќе не е тренер на второлигашот Тетекс.
Македонскиот стратег се одлучи на разделба со тетовци само шест месеци откако ја презеде клупата на второлигашот. Марковски и Тетекс денеска официјално се договориле на меѓусебна спогодбена разделба по турбулентната сезона во која „штофарите“ се изборија за второлигашки опстанок.
Популарниот Калц ја презеде клупата на Тетекс во најтешкиот период кога тимот веќе длабоко чекореше и кон испаѓање кон Третата лига. Но, на крајот Тетекс преку баражот успеа да се избори за второлигашки статус. Сега новата сезона во Втората лига повторно ќе ја очекува со нов тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА