Шкендија Арачиново и Љупчо Марковски-Калц ја прекинаа соработката. После поразот од Скопје на домашен терен, двете страни се договорија спогодбено да се разделат.
Марковски дојде во Шкендија Арачиново на почетокот на сезоната и успеа да направи историски успех со пласманот во полуфиналето во Купот на Македонија, а тимот од Арачиново се бори и за прволигашка промоција.
Калц во минатото беше тренер на Скопје, на Работнички, а работеше и во младинските категории на Вардар. Беше и во стручниот штаб на младата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

