„Лути сме му на Ѓоковиќ бидејќи не дојде да не гледа!“

Српската одбојкарка Бјанка Буша се пошегува бидејќи Новак Ѓоковиќ ја гледаше машката, но не и женската репрезентација на Летните олимписки игри во Париз.

Избраниците на Џовани Гвидети ја совладаа Франција со 3-0 на отворањето на Игрите во еден рутински меч без поголеми проблеми.

По мечот Буша беше прашана дали ги следат и другите српски спортисти, на што даде интересен одговор.

„Следиме колку што можеме. Имаме многу обврски. Го обвинивме Ѓоковиќ што не не гледаше, а ги гледаше одбојкарите. Се шегувам, среќни сме кога луѓето не поддржуваат. Може да дојде во финале“, истакна Буша.

Се вчитува...