Ливерпул оди на шопинг во Франција

Неверојатната сезона во која веќе забележа 21 гол и 13 асистенции само во Премиерлигата нема да биде доволна за Мохамед Салах да добие нов договор од страна на Ливерпул. „Црвените“ се подготвуваат за смена на генерации, па за 32-годишникот повеќе нема да има место во тимот.

Англискиот клуб веќе разгледува и други опции, а во игра се и неколку млади фудбалери кои допрва би се промовирале на најголемата сцена. Еден од нив е и крилниот напаѓач на Ница, Мохамед-Али Чо, 21-годишниот Французин за кој градот Ливерпул е добро познат бидејќи од 2015 до 2020 година настапуваше во академијата на Евертон. За неговите услуги се очекува да бидат издвоени 20 милиони евра.

Мохамед Салах пак се очекува кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Според последните информации тој веќе постигнал договор со саудиската фудбалска федерација, но останува непознато за кој клуб ќе настапува. Саудиците информираат дека истиот нема да го одбере Салах, ниту неговиот агент, туку државата со што ќе продолжи планот за развој на фудбалот.

Се вчитува...