Лузер на денот: Сакаше „лесни пари“ на Македонија, остана без 6.000 долари

Триумфот на Македонија над Германија е суперизненадување во светот на фудбалот, но исто така и голем шок за обложувачите кои типуваат на ниски квоти и победи на фаворити.

Еден од нив веднаш по мечот се пожали дека Македонците му ја завршиле „обложувачката кариера“.

Тој се надевал на лесни пари, вложувајќи 6.000 долари на триумф на Германија, очекувајќи рутинска победа на фаворитот и триумф од околу 900 долари. Наместо тоа, се соочува со загуба што како што вели тој самиот – загуба од која можеби и нема да се опорави.

Се вчитува...