ЛУЗЕР НА НЕДЕЛАТА… Винисиус до Гави: Во понеделник јас ќе ја освојам Златната топка

Винисиус Џуниор без сомнение е лузерот на неделата. Неговиот Реал Мадрид прво загуби убедливо од Барселона во првото „Ел класико“ сезоната, а потоа и неговиот непромислен потег при гестикулацијата на Гави за реултатот му се удри од глава.

Бразилецот се задоволи со фактот дека е фаворит број еден за освојување на престижната нагарада „Златна топка“ па му одговори на младиот фудбалер на Барслеона со зборовите „Да, но јас ќе ја освојам Златната топка во понеделник“, нешто што нема да биде случај доколку судиме по последните информации.

Имено, раководството на Реал Мадрид по информацијата дека нивните фудбалери номинирани за престижната награда ќе останат без неа го откажале летот за Париз и целата делегација која брои 50 луѓе останала во главниот град на Шпанија.

Никој од Реал Мадрид нема да присуствува на галата во Париз што наиде и на голем сеир на фановите на Барселона на социјалните мрежи.

Се вчитува...