Конфликтот меѓу Рахим Стерлинг и Џо Гомез при вечерата на англиската репрезентација бил многу повеќе од вербален, откако попладнево беше објавена фотографија на која јасно се гледа лузна на лицето на дефанзивецот на Ливерпул.
Рана е повеќе од очигледна, а нема сомнеж дека му е нанесена од страна на напаѓачот на Манчестер Сити, кој очигледно не може да се помири со поразот на неговиот тим на последното дерби на „Енфилд“.
И додека се погласни стануваат критиките на адреса на Стерлинг, Гомез придобива уште поголеми симпатии откако беше обелоденето дека тој самиот инсистирал фудбалерот на Сити да не биде избркан од репрезентацијата.
Имено, селекторот Саутгејт веднаш по инцидентот решил да го избрка Стерлинг од репрезентативниот собир, но по реакцијата на дел од фудбалерите предводени токму од Гомез, кормиларот на „гордиот албион“ го сменил ставот и го казнил напаѓачот со неиграње на следниот квалификациски дуел со Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА