М12: Шампионската титула за Феникс 2010

Овој викенд во салата „Наум Наумовски Борче“ во скопската наслеба Маџари беше одржан финалниот турнир во категоријата за играчи до 12 години по кој со шампионската титула се закитија најмладите кошаркари на Феникс 2010.

Избраниците на Дамјан Саздов во полуфиналето славеа против тимот на Куманово, а потоа во големото финале го освоија трофејот против екипата на Струмица.

Сребрениот медал заврши на градите на кошаркарите на Струмица, а бронзениот кај кошаркарите на Борец.

Се вчитува...