У-17: Французите беа пресилни за Македонија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години го претрпе и вториот пораз во групата 9 од квалификациите за ЕП, овојпат од соодветната селекција на Франција со убедливи 0-4.

Французите беа доминантни, лесно ја оправдаа улогата на фаворит, а „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, како најдобар знак за немоќта во текот на овој натпревар.

Стрелец на првиот погодок за Франција беше Крупи во 22. минута. Четири минути подоцна Бунеб погоди за предност на полувреме од 2:0. Анес Мељиќи во последните минути од првото полувреме заработи директен црвен картон. Во продолжението, репрезентацијата на Франција постигна уште два погодоци. Ламборд во 71. минута постигна погодок за водство од 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Мепију во 79. минута од средбата.

Во последното коло од мини квалификацискиот турнир, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе играат против селекцијата на Луксембург.

Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот на Македонија Ѓ.П. селекцијата на Исланд забележа победа над Луксембург со 3:1.

Македонија: Вргов, Ајетовиќ, Љубевски, Мељиќи, Али, Подграѓа, Јовановиќ, Коцев, Манојлов, Сековски, Алији;
Селектор: Вујадин Стганојковиќ;

Се вчитува...