M18: Феникс 2010 без проблеми до титула, Хот МВП

Феникс 2010 е шампионот на младинската лига за играчи до 18 години откако во финалето го совлада Работнички со 85-71 реванширајќи им се на црвено-белите се за поразот во конкуренција до 16 години.

Избраниците на Дервишевиќ контролата на натпреварот ја имаа уште од самиот почеток на мечот, а на полувремето заминаа со предност од 46-30. Добрата игра на Феникс продолжи и до крајот на мечот, а победникот на финалето беше решен уште во третата четвртина во која разликата изнесуваше +20. Работнички преку шутот за три поени успеја да се врати на едноцифрена негативна во последните десет минути, но не успеа целосно да се врати во мечот.

За најкорисен играч на финалето беше одбран Амар Хот кој го предводеше својот тим.

Претходно во натпреварот за трето место славеше МЗТ Скопје Уни Банка над Куманово со 72-55.

Се вчитува...