Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка одигра интересен натпревар на патот до следната рунда на Австралија Опен. Сабаленка ја победи новопечената Австријка Анастасија Потапова со 7-6, 7-6 по малку повеќе од два часа тенис.
На почетокот од мечот Сабаленка направи многу грешки – дури 23 неизнудени грешки во тој период, но успеа да го добие првиот сет, за да во вториот сет повторно следи драма.
Арина поведе со 4-0, а потоа Потапова доаѓа до 4-4 од никаде. Сабаленка повторно се мачеше за да уште еднаш заврши во тај-брејк.
Потапова имаше дури четири сет-топки при 6-3 во тај-брејкот, но тенисерката број еден во светот покажа ментална сила, направи пресврт и конечно заврши со победа.
MOST CONSECUTIVE TIEBREAKS WON AT SLAMS:
19 – Djokovic (2005-07), SABALENKA* (2023-26)
*active streak pic.twitter.com/uaxxXVGAPH
— Bastien Fachan (@BastienFachan) January 23, 2026
Ова е осма победа на Сабаленка во ист број натпревари одиграни во 2026 година, а таа не изгубила сет во ниту еден од нив.
Нејзина следна соперничка ќе биде Викторија Мбоко, која ја победи Клара Тоусон со 2-1 по два часа и 20 минути тенис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

