Мачковшек: Да се организираат чартери, хотели и билети за Словенците да дојдат на полуфинале

Полуфиналните натпревари на Европското ракометно првенство утре во Стокхолм ќе бидат одиграни на фудбалски терен со капацитет од 20.000 навивачи. Репрезентацијата на Словенија во вечерниот термин против бранителот на титулата, Шпанија ќе се бори за подвиг и за пласман во финалниот натпревар. Левото крило на словенечката репрезентација, Борут Мачковшек, се надева дека ќе има многу Словенци кои ќе ги бодрат од трибините.

„Се надевам дека навистина ќе се собереме во Стокхолм. Понекогаш имам впечаток дека немаме доволно поддршка од државата, но верувам дека ќе дојдат многу навивачи и ќе не поддржат. Капацитетот на стадионот е 20.000, има многу билети. Поддршката на навивачите многу ќе ни значи. Ќе има најмалку 10.000 Хрвати. Го повикувам Сојузот да организира чартери во пакет со билети и со хотели по поволни цени. Тоа би било убаво“  – вели Мачковшек.

Репрезентацијата на Словенија како второпласираната во групата 2 од главниот натпреварувачки сегмент се пласираше во полуфиналето и затоа ја доби првопласираната во другата конкуренција, селекцијата на Шпанија. Во другото полуфинале се соочуваат Норвешка и Хрватска.

 

 

Се вчитува...