Првото полувреме од мечот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон донесе мачни сцени, откако домашниот голман Војчех Шчесни се пожали на болка во градите, предизвикувајќи паника меѓу дел од навивачите.
Полјакот бранеше одлично, но во една ситуација се судри со дирекот, за нешто подоцна да падне на теренот жалејќи се на болки во градите. Откако му беше укажана лекарска помош на теренот, тој со солзи во очите го напушти теренот, а во текот на ноќта му беа извршени и детални прегледи.
„Не можев да дишам. Искрено, многу се исплашив, никогаш досега ми се нема случено вакво нешто. Ми беа извршени тестови, најважно е што се е во ред со мене“, објави Шчесни.
На негово место влезе Перин, кој беше херој на Јувентус со две извонредни интервенции во судиското продолжение чувајќи ја минималната предност од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА