Мачорот Ахил ќе „типува“ на Купот на Конфедерации

Русите избраа „видовит“ мачор  што ќе го предвидува исходот на натпреварите на Светското првенство во 2018 на кое Русија ќе биде домаќин. Мачорот Ахил кој е еден од 50 мачки „чувари“ во познатиот музеј „Ермитраж“, во неговата нова улога беше ифицијално претставен на прес-конференција во Санкт Петерсбург.

Предвидувачките способности на мачорот Ахил ќе бидат на генерална проба на Купот на конфедерации што ќе се оджи од денеска до 2 јули во четири рсуки градови – Москва, Санк Петерсбург, Казан и Сочи.

Ахил беше избран поради неговата способност да избере и да анализира“– изјави претставничката од „Ермитраж“, Марија Халтунен.

Пред натпреварите на мачорот Ахил ќе му бидат понудени две чинии со храна обележани со имињата на учесниците, а тој ќе го избира победникот.

Животни што предвидуваат резултати беа бирани и на претходните фудбалски првенства. Во оваа улога претходно се прославија ласицата Фрида, свињата Кријак, слоницата Чита… но најславен прогнозер од сите беше октоподот Пол. Овој октопод што живееше во аквариум во германскиот Оберхаузен, стана глобална атракција за време на фудбалскиот мундијал во Јужна Африка. Пол стекна светска слава откако точно ги предвиде исходите од натпреварите на репрезентацијата на Германија, погоди кога Германците загубија во полуфиналето од Шпанија, а ја предвиде и победата на Шпаниај во финалето против Холандија.

macorot222

Се вчитува...