Кошаркарите на Маџари триумфираа со 72-82 против Феникс 2010 во 21.коло од домашната Суперлига.
Иако гости, играјќи во својата сала во Маџари, избраниците на Миодраг Тодоровиќ целосно кошаркарски доминираа на мечот, оставајќи им ја на противниците само првата четвртина која Феникс ја доби со 23-18.
Се останата им припадна на кошаркарите на Маџари, за 11-та победа, со која се пробија на четвртата позиција на табелата.
На полувремето беше 34-39 за Маџари, а потоа рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста во второто полувреме за конечна победа од 72-82.
Во победничкиот состав дури тројца кошаркари запишаа по 16 поени, Хот, Димчевски и Армстронг. Кај домашните Рахама со 21 поени беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

