Маџари ги договори првите странски засилувања во историјата

Првите странски кошаркари во историјата на новиот македонски прволигаш Маџари се Американците Артис Степлтон и Кристијан Лафајет на кои тренерот Миодраг Тодоровиќ ќе смета во новата сезона.

Степлтон ја покрива бековската позиција и во скопскиот тим доаѓа од НЦАА лигата каде настапуваше за Универзитетот Источен Илиноис каде на 24 одиграни средби забележа просек од 11.6 поени, 3.3 скокови и 2.7 асистнеции.

Лафајет пак игра на крилната позиција и за разлика од неговиот сонародник веќе има европско искуство со настапите за Де Русе во втората француска лига.

Во новата сезона се очекува тренерот Тодоровиќ да смета и на Ивица Димчевски, Алек Петковски и Даниел Нацевски. Од клубот претходно заминаа Александар Тодоровски и Милан Милков кои го засилија второлигашот Соколи.

Се вчитува...